الطارق
Ноќниот ѕвезден појавувач • 17 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Се колнам во небото и во Тарик!
22. А знаеш ли ти што е Тарик?
33. Ѕвезда блескава!
44. Нема човек над кого некој не бдее.
55. Нека погледне човекот од што е создаден!
66. Создаден е од течноста што се исфрла,
77. од врската на надворешните делови на телата на мажот и на жената.
88. И Тој навистина е кадар повторно да го создаде,
99. оној Ден кога ќе биде испитувана совеста,
1010. кога човек ниту сила ниту бранител ќе има.
1111. И се колнам во небото дождливо
1212. и во земјата која се отвора кога растенијата никнуваат,
1313. Куранот навистина е говор кој ја раздвојува вистината од невистината,
1414. тој не е никаква лакрдија!
1515. Тие се служат со разни интриги,
1616. а Јас ги уништувам,
1717. затоа на неверниците дај им уште време, остави ги уште некој миг.