البروج
Соѕвездијата • 22 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Се колнам во небото ѕвездено
22. и во Денот веќе одреден,
33. и во сведокот и во посведоченото.
44. Проклети нека се тие што рововите ги ископаа,
55. и кои со оган и гориво ги наполнија,
66. кога околу него седеа
77. и беа сведоци на тоа што на верниците им го правеа!
88. А им се одмаздуваа само затоа што веруваа во Аллах, Силниот и за благодарност Достојниот,
99. Чијашто власт е на небесата и на Земјата, а Аллах е Сведок на сè.
1010. Тие што верниците и верничките ќе ги мачат, и потоа нема да се покајат, ги чека казна во Џехенемот и исто така пржење во огнот.
1111. А тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела ги чекаат џенетски градини низ кои реки течат, а тоа голем успех ќе биде.
1212. Одмаздата на Господарот твој, навистина, ужасна ќе биде!
1313. Тој од ништо создава и повторно тоа ќе го направи.
1414. И Тој простува и полн е со љубов,
1515. Господарот на Аршот, Возвишениот,
1616. Тој прави што Му е Нему по волја.
1717. Дали допре до тебе веста за војските,
1818. за фараонот и за Семуд?
1919. Но, тие што не веруваат постојано негираат,
2020. а на Аллах тие нема да можат да Му избегаат.
2121. А ова е Куранот величествен,[267]
2222. на Плочата внимателно чувана.