ق
Каф • 45 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Каф! Се колнам во славниот Куран,
22. тие се чудат што им дошол еден од нив да ги опоменува, па, неверниците велат: „Тоа е чудно нешто!
33. Зарем кога ќе изумреме и земја ќе станеме? Тоа е незамисливо враќање!“
44. Ние знаеме што од нив земјата ќе уништи, кај нас е Книгата која сè чува.
55. Меѓутоа, тие ја негираат Вистината која им доаѓа и тие се колебливи во збунета состојба.
66. Зошто не го погледнат небото над себе? – како го создадовме и го украсивме и како во него нема пукнатини!
77. А Земјата ја распостеливме и по неа неподвижни брда расфрлавме и дадовме од неа прекрасни разновидни растенија да никнуваат,
88. за да размисли и за да се опомене секој роб кој на Господарот свој Му се обраќа.
99. Ние од небото спуштаме благословена вода и со нејзина помош правиме да никнуваат градини и жито што се жнее,
1010. и високи палми во кои плодовите се натрупани едни над други,
1111. како храна за робовите и Ние со неа ги оживуваме мртвите предели; такво ќе биде и оживувањето.
1212. Пред нив негираше народот на Нух, и жителите на Рес и Семуд,
1313. и Ад, и народот фараонов, и народот на Лут,
1414. и жителите на Ејка и народот на Туба; сите тие пратениците за лажни ги сметаа и казната Моја ја заслужија.
1515. Па зарем при првото создавање станавме немоќни? Не, но тие во повторното создавање се сомневаат.
1616. Ние го создаваме човекот и знаеме душата негова што му шепоти, бидејќи Ние сме му поблиски од вратната вена.
1717. Кога двајца ќе се сретнат и ќе седнат едниот од десната, а другиот од левата страна,
1818. тој нема да изусти ни еден збор, а покрај него да не е присутен тој што бдее.
1919. Смртните маки навистина ќе дојдат – тоа е нешто од што не можеш да избегаш,
2020. и во рогот ќе се дувне – тоа е Денот ветен со кој се заканува –
2121. и секој ќе дојде, а со него водич и сведок.
2222. „Ти не внимаваше за ова, па ти го тргнавме пердето твое, денес видот ти е остар.“
2323. А придружникот[243] негов ќе каже: „Ова што е кај мене, подготвено е.“
2424. „Фрлете го, вие двајца, во Џехенемот секој неблагодарен, инаетчија,
2525. кој не дозволуваше да се чинат добри дела и кој беше насилник и сомничавец,
2626. кој покрај Аллах во друг бог веруваше – затоа фрлете го во жестоко страдање!“
2727. А вториот прудрижник негов ќе каже: „Господару наш, јас не го заведов со сила, самиот беше во голема осиленост.“
2828. „Не препирајте се пред Мене!“ – ќе рече Тој – „уште одамна ви се заканив.
2929. Мојот Збор не се менува и Јас кон робовите Мои не сум неправеден.“
3030. На Денот кога ќе го прашаме Џехенемот: „Дали се наполни?“ – тој ќе одговори: „Има ли уште?“
3131. А Џенетот ќе биде приближен кон богобојазливите, ниту од еден нема далеку да биде.
3232. „Ова е тоа што ви е ветено, на секој што се каеше и што се чуваше,
3333. кој од Семилосниот се плашеше, иако не Го видел, и кој ќе дојде со верно, посветено срце.
3434. Влезете во него, со селам, спасени. Ова е Денот на вечноста!“
3535. Во него ќе имаат сè што ќе посакаат, а кај Нас има и повеќе.
3636. А колку народи пред овие уништивме, коишто беа помоќни од нив, па по светот засолниште бараа – од пропаста има ли спас?!
3737. Во тоа, навистина, има поука за тој што има разум, или што слуша, а присебен е.
3838. Ние ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив за шест временски периоди, и не Нè совлада никаков замор.
3939. Затоа стрпливо поднесувај го тоа што тие го велат и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред Сонцето да излезе и пред да зајде,
4040. и слави Го и величај Го ноќе и по извршувањето на намазот.
4141. И слушај! Денот кога гласникот ќе повика од место блиско,
4242. Денот кога тие навистина ќе чујат глас – тоа ќе биде Денот на оживувањето.
4343. Ние навистина даваме живот и даваме смрт, и кај Нас сè ќе се врати!
4444. А на Денот кога над нив земјата ќе распука тие итајќи ќе излезат; тоа ќе биде за Нас лесно оживување.
4545. Ние добро знаеме што зборуваат тие; ти не можеш да ги присилиш, туку со Куранот потсети го тој што се плаши од Мојата закана!