الانفطار
Расцепувањето • 19 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Кога небото ќе се расцепи,
22. и кога ѕвездите ќе испопаѓаат
33. и кога морињата едни во други ќе се влеат,
44. и кога гробовите ќе се испревртат,
55. секој ќе дознае што подготвил, а што пропуштил.
66. О, човеку, што те измами толку та си Му непокорен на својот Благороден Господар,
77. Кој те создал – та направил да си складен и да си исправен –
88. и каков што сакал лик ти дал?
99. А не чини така! Вие во Судниот ден не верувате,
1010. а над вас бдеат чувари,[264]
1111. кај Нас благородни писари,
1212. кои знаат што правите.
1313. Честитите сигурно ќе бидат во Џенетот,
1414. а грешниците сигурно во Џехенемот,
1515. на Судниот ден во него ќе горат
1616. и веќе од него изведени нема да бидат.
1717. А знаеш ли ти што е Судниот ден?
1818. И уште еднаш: Знаеш ли ти што е Судниот ден?
1919. Денот кога никој никому нема да може ни малку да му помогне, тој Ден власта единствено Аллах ќе ја има.