التكوير
Замрачувањето • 29 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Кога Сонцето сјајот ќе го изгуби,
22. и кога ѕвездите ќе попаѓаат,
33. и кога планините ќе се придвижат,
44. и кога стелните камили без пастир ќе бидат напуштени,
55. и кога дивите животни ќе се соберат,
66. и кога морињата со оган ќе се наполнат,
77. и кога душите со телата ќе се спојат,
88. и кога живо закопаното девојче ќе биде запрашано
99. поради каква вина е убиено,
1010. и кога листовите ќе се разделат,
1111. и кога небото ќе се тргне,
1212. и кога Џехенемот ќе се распали,
1313. и кога Џенетот ќе се приближи –
1414. секој ќе го дознае тоа што го подготвил.
1515. И се колнам во ѕвездите кои се сокриваат,
1616. кои се движат и кои од вид се губат,
1717. и во ноќта кога таа велот го спушта,
1818. и во зората кога дише –
1919. Куранот навистина е кажување на Гласникот благороден,
2020. моќен, од Господарот на Аршот ценет,
2121. кому други му се потчинуваат, таму доверлив!
2222. А другарот ваш не е луд:
2323. тој на хоризонтот јасен го виде
2424. и, кога е во прашање Објавата, тој не е скржав
2525. и Куранот не е говор на проклетиот шејтан,
2626. па тогаш каде одите?!
2727. Куранот е само поука за световите,
2828. за оној од вас кој сака да е на Вистинскиот пат,
2929. а вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака!