الشمس
Сонцето • 15 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Се колнам во Сонцето и во светлината негова,
22. и во Месечината која го следи,
33. и во денот кога ќе го раздени,
44. и во ноќта кога ќе го засолни.
55. И во небото и во Тој што го крена,
66. и во Земјата и во Тој што ја направи пространа,
77. и во душата и во Тој што ја создаде,
88. па патот на доброто и патот на злото сфатливи ѝ ги стори.
99. Ќе успее само тој што ќе ја исчисти,
1010. а ќе биде изгубен тој што ќе ја извалка!
1111. Семуд поради насилството свое негираше,
1212. кога еден несреќник меѓу нив се појави,
1313. па Аллаховиот пратеник им довикна: „Грижете се за камилата Божја и за времето кога таа треба да пие!“
1414. Но, не му поверуваа, туку ја заклаа. А Господарот нивен заради гревовите нивни ги уништи и до последен ги истреби,
1515. не стравувајќи за последиците поради тоа!