الزلزلة
Земјотресот • 8 ајети • Мединска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Кога Земјата со својот најжесток потрес ќе се потресе,
22. и кога Земјата тежините свои ќе ги исфрли,
33. и кога човекот ќе извика: „Што ѝ е?!“ –
44. тој Ден, таа, вестите свои ќе ги кажува,
55. бидејќи Господарот твој ќе ѝ нареди.
66. Тој Ден луѓето одделно ќе се појават за делата нивни да им се покажат;
77. тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види,
88. и тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види!