الفجر
Зората • 30 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Се колнам во зората,
22. и во десетте ноќи,
33. парни и непарни,
44. и во ноќта кога исчезнува!
55. Зарем за паметниот тоа не е заклетва?
66. Зарем не знаеш, со народот Ад, Господарот твој што стори;
77. и со жителите на Ирем, кои имаа градби со високи столбови,
88. на коишто слични во ниедна земја им немаше;
99. и со народот Семуд, кои ги делкаа карпите во долините,
1010. и со фараонот што имаше шатори; –
1111. кои на земјата насилство чинеа
1212. и пороци на неа умножија.
1313. Па Господарот твој со камшикот на страданието ги казни,
1414. зашто Господарот твој, навистина, набљудува сè!
1515. А човекот, пак, кога Господарот негов сака да го искуша, па ќе му покаже почест и ќе го опсипе со благодати, вели: „Господарот мој кон мене благородно постапи!“.
1616. А кога, пак, ќе го искуша со сиромаштија, човекот вели: „Господарот мој ме понижи!“.
1717. А не е така! Вие внимание на сирачето не му посветувате,
1818. и сиромавиот да се нахрани – еден со друг не си советувате,
1919. а наследството алчно го јадете
2020. и богатството претерано го сакате!
2121. А не чини така! Кога Земјата на парчиња ќе се здроби,
2222. и кога Господарот твој ќе дојде со мелеците во редови наредени,
2323. и кога тој Ден Џехенемот ќе биде доведен; тогаш човекот ќе се сети – а за што ќе му е тогаш сеќавањето?! –
2424. и ќе рече: „Камо среќа за овој живот да се подготвев!“
2525. Тој Ден никој како Него нема да казнува,
2626. и никој како Него нема во окови да врзува!
2727. А ти, о, душо смирена,
2828. врати Му се на Господарот свој задоволна, а и Тој од тебе задоволен.
2929. Па влези меѓу робовите Мои,
3030. и влези во Џенетот Мој!