الغاشية
Обвивачот • 26 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Допре ли до тебе веста за Гашија?
22. Кога некои лица потиштени,
33. преморени и напатени
44. во огнот жесток ќе се пржат,
55. од изворот жежок ќе пијат,
66. и кога друга храна освен трње нема да има,
77. коешто нема да нахрани, а ни гладот нема да го отстрани.
88. Некои лица тој Ден ќе бидат радосни,
99. со трудот свој задоволни;
1010. во Џенетот возвишен,
1111. во кој нема да слушаат зборови празни.
1212. Во него има извори кои течат,
1313. и дивани скапоцени,
1414. и пехари подигнати,
1515. и перници наредени,
1616. и килими постелени.
1717. Па зошто не ја погледнат камилата како е создадена,
1818. и небото како е воздигнато,
1919. и планините како се поставени,
2020. и Земјата како е прострена?!
2121. Ти опоменувај – твое е да опоменуваш,
2222. ти над нив власт немаш!
2323. А тој што главата од Вистината ја врти и не сака да верува,
2424. него Аллах со најголема казна ќе го казни!
2525. Нам, навистина, тие ќе ни се вратат,
2626. и пред Нас, навистина, сметката ќе ја полагаат!