الجن
Џините • 28 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Кажи: „Мене ми е објавено дека неколку џини прислушкувале и рекле: ,Ние навистина Куранот, кој предизвикува восхит, го слушавме;
22. кој на Вистинскиот пат упатува – и ние во него поверувавме и веќе никого нема на Господарот наш рамен да Му сметаме,‘
33. а Тој – нека биде возвишено достоинството на Господарот наш! – не Си зел ни сопруга ни дете!
44. Еден наш безумник за Аллах лаги говореше,
55. а ние мислевме дека ниту луѓето ниту џините за Аллах лаги не говорат;
66. и имаше луѓе кои од џините помош бараа, па така стравот уште повеќе им го зголемија;
77. и тие мислат, како што мислите и вие, дека Аллах никого нема да оживее;
88. и ние настојувавме небото да го допреме и утврдивме дека е со моќни чувари и огнени метеори;
99. и седевме околу него на местата за прислушкување за да чуеме нешто, но тој, што сега прислушкува, на метеор кој демне ќе наиде;
1010. и ние не знаеме дали на оние на Земјата им се подготвува зло или Господарот нивен им сака добро.
1111. А меѓу нас има и добри и такви коишто тоа не се, нè има различни видови;
1212. и ние знаеме дека не можеме на Аллах, на Земјата, да Му се спротивставиме, ниту да Му избегаме.
1313. И ние, штом Куранот го чувме, во него поверувавме; а кој верува во Господарот свој, ниту од штета ниту од неправда не треба да се плаши;
1414. и нè има послушни муслимани, а нè има и заталкани; тие што исламот ќе го прифатат – Вистинскиот пат го избрале,
1515. а тие што скршнале, во Џехенемот гориво ќе бидат.“
1616. А да се придржуваат кон Вистинскиот пат, Ние со вода обилна би ги поеле,
1717. за со тоа на искушение да ги ставиме; а тој што не сака Господарот свој да го спомнува – Тој во тешко страдание ќе го воведе.
1818. Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!
1919. А кога Аллаховиот роб стана да Му се помоли, тие во групи околу него збиени застанаа.
2020. Кажи: „Јас само на Господарот свој Му се клањам, и никого Нему рамен не Му сметам.“
2121. Кажи: „Јас не сум во состојба од вас некаква штета да отстранам, ниту на некој од вас каква било корист да му обезбедам.“
2222. Кажи: „Мене никој од Аллаховата казна не може во заштита да ме земе; само кај Него јас можам прибежиште да најдам –
2323. можам само да го соопштам тоа што е од Аллах и од посланието Негово.“ А тој што на Аллах и на Пратеникот Негов нема да им биде послушен – сигурно го чека огнот џехенемски; во него вечно и засекогаш ќе остане.
2424. И кога тие ќе го видат тоа што им се ветува, ќе дознаат кој е послаб во помош и помалуброен.
2525. Кажи: „Јас не знам дали наскоро ќе биде тоа што ви се ветува или Господарот мој одредил тоа по подолго време да биде.
2626. Тој тајните ги знае и Тој тајните Свои не ги открива никому,
2727. освен на тој што Тој за Пратеник ќе го одбере; затоа Тој и пред него и зад него ги поставува тие што ќе го чуваат
2828. за да покаже дека посланијата од Господарот свој ги доставиле, Тој во детали го знае тоа што е во нив, Тој ја знае бројноста на сè што постои.“