نوح
Нух • 28 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Ние го испративме Нух до неговиот народ: „Опомени го народот свој пред да го стигне болна казна!“
22. „О, народе мој,“ – говореше тој – „јас сум ви навистина јасен опоменувач!
33. Аллах обожувајте Го и од Него плашете се и мене послушни бидете ми.
44. Тој гревовите ваши ќе ви ги прости и во живот до одредениот час ќе ве остави, а кога Аллаховиот одреден час ќе дојде, да знаете дека навистина нема да се одложи.“
55. Тој рече: „Господару мој, јас навистина народот свој и дење и ноќе го повикував,
66. но повикувањето мое уште повеќе го оддалечи.
77. И кога и да ги повикував да им простиш, прстите свои во ушите ги ставаа и со алиштата свои се покриваа – беа упорни и претерано вообразени.
88. Потоа јас отворено ги повикував,
99. а тогаш јавно им објавував и во доверба им шепотев,
1010. велејќи: „Барајте прошка од Господарот свој, бидејќи Тој, навистина, многу простува;
1111. Тој дожд обилен ќе ви праќа
1212. и ќе ви помогне со имоти и со синови, и ќе ви даде градини, и реки ќе ви даде.
1313. Што ви е, зошто од Аллаховата величина не се плашите,
1414. а Тој постепено ве создава?!
1515. Зарем не гледате како Аллах седумте небеса, едно над друго, ги создаде,
1616. и на нив осветлена Месечина даде, а Сонцето светилка го направи?
1717. Аллах како и растенијата од земја ве создава,
1818. потоа во неа ве враќа и од неа сигурно ќе ве изведе.
1919. Аллах ви ја направи Земјата пространа,
2020. за да патувате по неа по патиштата пространи.“
2121. Нух рече: „Господару мој, тие мене не ме слушаат и се поведуваат по оние чиишто богатства и деца пропаста нивна само ја зголемуваат
2222. и сплетки големи плетат.“
2323. И велат: „Никако божествата ваши не ги оставајте, и никако, ниту Ведд, ниту Сува, а ни Јегус, ни Јеук, ниту Неср не ги напуштајте!“[252]
2424. А веќе многумина во заблуда заведоа, па Ти на насилниците само заблудата зголеми им ја!“
2525. И тие поради гревовите свои се потопени, и во Огнот ќе бидат воведени и никого за себе, освен Аллах, како помошник нема да најдат.
2626. И Нух рече: „Господару мој, не оставај на Земјата ниту еден неверник,
2727. бидејќи, ако ги оставиш, тие робовите Твои во заблуда ќе ги одведат и само грешници и неверници ќе раѓаат!
2828. Господару мој, прости ми мене, и на родителите мои, и на тој што како верник во домот мој ќе влезе, и на верниците и верничките, а на насилниците само пропаста зголеми им ја!“