الضحى
Утрото • 11 ајети • Меканска
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
11. Се колнам во утрото,
22. и во ноќта кога ќе стивне.
33. Господарот твој не те напуштил и не те замразил!
44. Оној свет, навистина, е подобар за тебе од овој свет,
55. а Господарот твој тебе сигурно ќе ти даде, па ќе бидеш задоволен!
66. Зарем ти не беше сираче, па Тој те заштити?
77. И за вистинската вера не знаеше, па Тој те упати?
88. И сиромашен беше, па Тој те збогати?
99. Затоа сирачето немој да го понижиш,
1010. а просјакот немој да го одбиеш,
1111. и за благодатите на Господарот твој кажувај!